Марк Закерберг, главниот извршен директор на „Мета“ (Meta Platforms Inc.), рече дека е „време да се надминат“ шпекулациите дека ќе има борба во ринг меѓу него и Илон Маск.
„Ако Илон некогаш сериозно го сфати предизвикот со вистински датум и официјален настан, тој знае како да ме најде. Во спротивно, време е да продолжиме понатаму“, објави Закерберг во неделата на новата платформа Тредс. „Ќе се фокусирам на натпреварување со луѓе што сериозно го сфаќаат спортот“.
Јавното ривалство меѓу Маск (52) и Закерберг (39) се интензивира по првичниот успех на најновата платформа за социјално вмрежување од „Мета“, во јули. Тредс, кој им овозможува на корисниците да објавуваат кратки пораки на сличен начин како на X (платформата во сопственост на Маск порано позната како Твитер), достигна 100 милиони корисници во рок од една недела од нејзиното лансирање.
Прочитај повеќе
Можно е Маск да се оперира пред борбата со Закерберг
Илон Маск ќе направи магнетна резонанца на вратот и горниот дел од грбот в понеделник, по што можеби ќе треба да се оперира.
07.08.2023
Маск го предизвика Закерберг на борба во ринг
Маск, кој го купи „Твитер“ во октомври, ја поттикна идејата како одговор на плановите на „Мета“ да воведе конкурентна услуга.
22.06.2023
Маск, најбогатиот човек на светот, со недели зборуваше за можностите за борба меѓу него и Закерберг. Тој неодамна објави дека ќе му треба операција и дека ќе треба да закрепнува неколку месеци. Според објави од биографот на Маск, Валтер Ајзаксон, тој потоа предложил да се бори со Закерберг во неговиот дом на тренинг-меч. Закерберг одби и потоа ја објави својата порака.
„Едвај чекам да му чукнам на вратата утре“, посочи Маск како одговор на X, доцна во неделата.