Кои се главните фактори по кои се одредува кредитниот рејтинг на една земја, како државите од регионот Адрија можат да го подобрат својот рејтинг и какви промени може да се очекуваат во иднина се главните прашањата на кои аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ дава одговори во новата анализа којашто ќе можете да ја прочитате во понеделник.
Пролонгирањето на рестриктивната монетарна политика доведе до рекордни приноси кај државните обврзници во САД и Европа, што може негативно да влијае на тргувањето со акции и воопшто на пазарот на капитал и на економијата. Ги анализираме сите можни аспекти на овие трендови и очекувањата за годинава и понатаму.
Прашуваме каков е профилот на инвеститорите на Македонската берза и зошто помладата популација не покажува интерес за домашниот пазар на капитал.
По подолг период Македонија е авионски поврзана со сите главни градови од земјите од регионот Адрија. Анализираме колку чинат патувањата и каков придонес ќе имаат врз повторното економско поврзување на земјите од поранешна Југославија.
Онлајн маркетингот зема се поголем замав и во Македонија. Откриваме кои се најновите промени во рекламирањето на Фејсбук и на другите платформи.