Најбогатиот човек во Русија, Владимир Потанин, го постави спорот со својата поранешна сопруга пред највисокиот суд во Велика Британија во обид да избегне едно од највисоките побарувања по развод во светот, додека наедно се пожали на „дарежливоста“ на англиските судови во нивниот пристап кон случаите на развод.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Сајбер-закани зад секој непромислен клик и во Македонија
Се проценува дека стотици милијарди евра се украдени во изминативе неколку години преку хакерски напади на банки и преку кражба на податоци, што ја нагласува потребата од зголемување на сајбер-безбедноста во финансискиот свет и од зголемување на свесноста на населението од опасностите што демнат во секојдневните онлајн трансакции и активности на интернет.
Со оглед на тоа што новата дигитална ера носи огромни безбедносни ризици, анализиравме што се прави во Македонија за да се намали опасноста од сајбер-инциденти кај банките што би резултирале со финансиски загуби и кражба на податоци.
ББА-прогноза: Фед на пауза, ќе чека нови податоци
На овонеделната седница на Федералните резерви (Фeд) не очекуваме зголемување на каматните стапки, со оглед на тоа што Фед сега чека сигнали дека економијата (конечно) почнува да забавува, посочуваат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Со оглед на тоа што Фед се одлучи за „одлука водена од податоци“, сега ќе го прескокне зголемувањето на каматната стапка поради ова, бидејќи тие економски податоци ќе дојдат дури во наредните денови, што значи по овонеделната средба. Тоа всушност ќе ѝ даде простор на централната банка да го прескокне зголемувањето на каматните стапки и да одлучува за каматната политика по објавувањето на податоците во следниот месец, сметаат нашите аналитичари.
Инфлацијата во еврозоната најниска во последните две години
Инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво во повеќе од две години, бидејќи економијата на блокот се намали по големиот пораст на каматните стапки.
Потрошувачките цени се зголемија за 2,9 отсто во октомври - што е намалување од 4,3 отсто од претходниот месец и подобро од просечната процена од 3,1 отсто во анкетата на „Блумберг“ меѓу аналитичарите. Во посебна изјава, „Евростат“ посочи дека бруто-домашниот производ паднал за 0,1 отсто во третиот квартал, при што недостигаат процени за стагнација.
Вредноста на „Тесла“ се намали за 145 милијарди долари
Акциите на „Тесла“ (Tesla) се на пат да изгубат речиси една петтина од својата вредност за помалку од две недели поради зголемената загриженост дека побарувачката за електрични возила почнува да опаѓа.
Распродажбата на акциите започна претходно месецов, откако, заедно со објавувањето на кварталните резултати, овој гигант за производство на електрични возила ги намали своите очекувања за идниот раст на бизнисот.
По тоа дојдоа обесхрабрувачки коментари на некои светски производители на автомобили, како и аналитичари од Волстрит...
Маск меѓу главните гости на голем самит за ВИ во Британија
Британскиот премиер Риши Сунак планира да одржи разговор во живо со Илон Маск по завршувањето на неговиот самит за вештачка интелигенција (ВИ) в четврток, давајќи му дополнителна тежина на настанот за кој Сунак се надева дека може да ја обликува регулацијата на новата технологија.
Премиерот објави за дискусијата со Маск на X - платформата за социјалнo вмрежување во сопственост на милијардерот.
Сунак го свика самитот во обид да започне со подготвување меѓународен пристап за регулирање на вештачката интелигенција за заштита од нејзините најлоши потенцијални злоупотреби, вклучувајќи и местење избори и можност терористите да шират уништување преку полесно создавање хемиско и биолошко оружје.