Употребата на дрога на Илон Маск ги загрижува директорите и членовите на одборите во компаниите што тој ги води, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на анонимни извори.
Маск често користел ЛСД, кокаин, екстази и психоделични печурки на неговите приватни забави, пишува весникот. Луѓе блиски до шефот на „Тесла“ и „Спејс Х“ изјавија дека тој продолжува да се дрогира, особено со кетамин. Маск во август изјави дека има рецепт за лекот да се користи како антидепресив.
Откако Маск пушеше марихуана на поткастот на Џо Роган во септември 2018 година, Пентагон размислуваше да му го одземе федералното безбедносно одобрение како извршен директор на „Спејс Експлорејшн Технолоџис“, компанија со сертификат за лансирање воени шпионски сателити.
Прочитај повеќе
Маск си направи многу проблеми одобрувајќи антисемитски пост
Маск се согласи со објавата во која се вели дека Евреите имаат „дијалектичка омраза“ кон белците
17.11.2023
На хуманоидните роботи со вештачка интелигенција им претстои долг пат
Неверојатно е тешко да се направат вистински убедливи хуманоидни роботи
23.12.2023
ЕУ започна официјална истрага за мрежата X на Илон Маск
Европскиот закон за дигитални услуги ѝ дава на ЕУ овластувања да преземе мерки против големите технолошки компании.
18.12.2023
Маск: Различноста, еднаквоста и инклузијата се „зборови за пропаганда“
Илон Маск ги критикуваше концептите на различност, еднаквост и инклузија, нарекувајќи ги „зборови за пропаганда“.
16.12.2023
„Спејс екс“ на Илон Маск проценета на 175 милијарди долари
Највредниот американски стартап разговара за тендерска понуда од 500 до 750 милиони долари.
07.12.2023
Маск со пцост кон огласувачите, вели дека нивниот бојкот може да го убие X
Mилијардерот сопственик на X упати „сочна“ порака кон огласувачите што престанале да вложуваат на платформата.
30.11.2023
„После тој еден „дим“ со Роган, се согласив, на барање на НАСА, да се подложам на случајно тестирање за дрога во текот на три години. Ни ми беа пронајдени ни најмали траги од каква било дрога или алкохол“, објави Маск (52) вчера на Х, социјалната мрежа чиј сопственик е тој.
Маск не одговори на барањето на „Блумберг Њус“ за коментар. Алекс Спиро, адвокатот на милијардерот, изјави за „Волстрит журнал“ дека неговиот клиент бил „редовно и случајно тестиран за дрога во „СпејсX“ и никогаш не паднал на тест.“ Тој рече дека статијата содржи „лажни факти“, но не наведе конкретно кои се тие.
„СпејсX“ во моментов е единствената американска компанија одобрена од НАСА за транспорт на астронаути до Меѓународната вселенска станица. Во последните години, Пентагон ја зајакна соработката со компанијата на Маск во однос на поголем број лансирања, а во јуни беше потпишан договор со „Старлинк“ за поддршка на украинската армија.
„Волстрит журнал“ објави дека Линда Џонсон Рајс, која стана извршен директор на „Тесла“ во 2017 година, не се кандидираше за реизбор две години подоцна поради фрустрација од однесувањето на Маск и загриженоста за неговата употреба на дрога.
Маск надгледува шест компании: „Тесла“, „СпејсХ“, X, „Д Боринг“, „Неуралинк“ и стартапот за вештачка интелигенција „xВИ“.
Неговото богатство од 219,4 милијарди долари моментално го става на првото место на индексот на милијардери на „Блумберг“.