Употребата на нелегални дроги од страна на Илон Маск била општопозната меѓу неколку сегашни и поранешни директори во „Тесла“ (Tesla Inc.) и „Спејс екс“ (SpaceX), објави викендов „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal).
Постоела загриженост за обемот на користењето дрога од Маск и дека тој консумирал дрога со некои од неговите членови на одборот, објави весникот, цитирајќи луѓе што биле сведоци на употребата или биле информирани за тоа. Одборот на „Тесла“ не го истражил проблемот, ниту документирал каква било загриженост, се наведува во весникот.
Односот меѓу Маск и директорите на „Тесла“ беше остро критикуван од судијката во Делавер минатата недела, која посочи на судирот на интереси на одборот во нејзината одлука дека пакетот за плаќање на Маск од 55 милијарди долари е прекумерен.
Прочитај повеќе
Склоноста на Маск кон дрога е проблем за управните одбори во неговите фирми
Луѓе блиски до шефот на „Тесла“ и „Спејс Х“ изјавија дека тој продолжува да се дрогира
08.01.2024
Како Силициумската Долина се навлече на дрога?
Ако сте технолошки претприемач, треба да земате халуциногени дроги за (прво) да можете да замислите неверојатна иднина и (второ) да бидете некако чудни за разговор.
12.07.2023
Илон Маск загуби 55 милијарди долари поради пресудата во Делавер
Наградата што „Тесла“ му ја додели на Маск во 2018 година се сметаше за најголема во историјата на јавните компании.
31.01.2024
Маск и неговиот адвокат Алекс Спиро не одговориле на барањата за коментар од страна на „Волстрит журнал“. Весникот претходно објави дека Маск често на забави користел ЛСД, кокаин, екстази и психоделични печурки. Спиро рече за весникот дека Маск редовно и по случаен избор бил тестиран за дрога во „Спејс екс“ и никогаш не паднал на тест.
Некои пријатели и директори сметале дека мораат да земаат нелегални дроги со Маск, бидејќи одбивањето би можело да го вознемири, објави весникот во саботата, цитирајќи некои од луѓето. Тие исто така не сакале да ризикуваат „да ги загубат привилегиите“ да бидат во неговиот круг, наведува весникот.
Маск минатиот месец на X се осврна на претходната сторија на „Волстрит журнал“ за неговата наводна употреба на дрога.
„Што и да правам, очигледно треба да продолжам да го правам!“, напиша тој на платформата, наведувајќи дека „Тесла“ и „Спејс екс“ се највредните автомобилска и вселенска компанија во светот. „Ако дрогите навистина помогнале да ја подобрам мојата нето-продуктивност со текот на времето, јас дефинитивно би ги земал“!
Маск надгледува шест компании: „Тесла“, „Спејс екс“ и X, компанијата за социјално вмрежување порано позната како Твитер (Twitter); потоа проектот за експресни тунели „Боринг компани“ (The Boring Co.); развивачот на мозочни импланти „Неуралинк“ (Neuralink) и стартапот за вештачка интелигенција „Екс еј-ај“ (xAI).