text size
Американскиот суд во Делавер го поништи договорот за исплата на бонус од 55 милијарди долари на извршниот директор Илон Маск од 2018 година. Според судијата, одборот на директори на производителот на електрични возила „Тесла“ не успеал да докаже „дека планот за компензација бил праведен“. Акциите на „Тесла“ паднаа за околу три отсто во вторникот, по пресудата во тужбата поднесена од акционерот на компанијата „Ричард Торнета“.