Платформата за стриминг-услуги „Нетфликс“ (Netflix) ќе пренесува во живо боксерски меч меѓу поранешниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон и јутјуберот што прерасна во боксерска ѕвезда Џејк Пол, бидејќи гигантот за домашна забава се стреми да навлезе подлабоко во спортските програми во живо.
Борбата ќе се одржи на 20 јули во арената AT&T во Арлингтон, Тексас, домот на тимот од НФЛ-лигата Далас каубојс, објави компанијата во четвртокот. „Нетфликс“ за настанот ќе се здружи со „Мост валјубал промоушнс“ (Most Valuable Promotions), компанија основана од Пол и Накиса Бидаријан во 2021 година, специјализирана за борби за чие следење се плаќа претплата (pay-per-view).
„Мајк Тајсон е една од најголемите икони во историјата на боксот, а Џејк Пол е еден од најголемите натрапници во историјата на боксот“, наведе во изјавата Гејб Спицер, потпретседател на „Нетфликс“ во одделот за спортови.
Во јануари „Нетфликс“ ги доби ексклузивните права за Raw, како и за други програми од „Светската забава во борење“ (World Wrestling Entertainment - WWE), што го означи досега најголемиот чекор на платформата кон настани пренесувани во живо.
Борбата ќе го обележи третиот спортски настан на „Нетфликс“ во живо, по програмите за голф и за тенис.