Цените за најпопуларните половни часовници „ролекс“ (Rolex) и „патек филип“ (Patek Philippe) остануваат стабилни втор месец по ред, што сугерира дека речиси двегодишниот пад веројатно е при крај, бидејќи берзите достигнаа рекорди, исто како и растот на биткоинот.
Индексот на „Блумберг“ Subdial Watch се намали за 0,1 отсто, на 33.628 долари, според податоците обезбедени од „Сабдајл“ (Subdial), платформа за тргување со седиште во Лондон. Индексот ги следи цените на 50-те најтргувани луксузни часовници според вредноста на трансакцијата.
Откако треската од ерата на пандемијата ги доведе цените на половните часовници на највисоки нивоа во 2021 и почетокот на 2022 година, вредностите на најатрактивните часовници паѓаа. Индексот на „Блумберг“ е намален за 42 отсто од април 2022 година, кога пазарот го достигна врвот.
Прочитај повеќе
Пет причини зошто часовниците се попрофитабилна инвестиција од златото
За секој кој сака брз пристап до своето богатство, часовниците се одлична опција бидејќи можат брзо да се продадат
21.01.2024
Сега е моментот за поевтин „ролекс“, во 2024 година цените повторно ќе растат
Паднаа цените на користените луксузни часовници од брендови како „Ролекс“, „Патек Филип“ и „Одемар Пиге“.
15.12.2023
Редок часовник „ролекс милгос“ е продаден за рекордни 2,5 милиони долари
Победникот на наддавањето го купил часовникот во име на „Ролекс“.
15.05.2023
„Ролекс“ забрзано ги шири погоните за да оговори на големата побарувачка
„Ролекс“ ќе отвори три привремени производствени капацитети кои ќе започнат со производство на луксузни часовници во 2025 година.
18.03.2023
Сепак, очекуваните намалувања на каматните стапки ги поттикнаа акциите, а биткоинот се зголеми повеќе од двојно од октомври, што веројатно го поткрепи пазарот за користени луксузни часовници. Ниските трошоци за позајмување и желбата на некои инвеститори да остварат материјални добивки од растот на биткоинот и другите дигитални валути помогнаа да се поттикне растот од ерата на пандемијата.
„Ролекс“ и „Патек Филип“ ќе ги објават новите модели во април, на саемот „Вочес енд воднерс“ (Watches and Wonders) во Женева, што исто така може да придонесе за стабилизација на цените бидејќи инвеститорите чекаат да видат какви часовници ќе бидат претставени.
Најбараните модели од врвните швајцарски брендови покажуваат пад од помалку од 1 отсто минатиот месец за „одемар пиге џамбо ројал оук“ (Audemars Piguet ‘Jumbo’ Royal Oak), „патек наутилус 5711“ (Patek Nautilus 5711) и челичниот „ролекс дејтона“ (Rolex Daytona) со керамичка рамка.
„Ролекс ГМТ“ (Rolex GMT) со керамичка рамка во црвена и сина боја останува раритет. Цената на часовникот за патување, наречен „пепси“ поради боите на рамката, се зголеми за околу 1,9 отсто и се продава за околу 20.600 долари. Тоа беше еден од само двата модела на „Ролекс“ што поскапеа минатата година.