text size
Реткиот часовник „ролекс милгос“ (Rolex Milgauss) е продаден за 2,5 милиони долари, соборувајќи го со тоа рекордот за највисока сума платена на аукција за часовник на швајцарскиот бренд, направен за научници.
„Резултатот покажува дека колекционерите на часовници сè уште се подготвени да платат рекордни вредности за ретките старински часовници 'ролекс' што се во врвна состојба“, рече Тони Треина, уредник во „Ходинки“ (Hodinkee), онлајн магазинот и продавач на часовници со седиште во САД.