text size
Милано, град во кој модата се прифаќа со иста леснотија како и утринското еспресо, доби нова визуелна посвета. Таа доаѓа во вид на книгата „Сарторијалист: Милано“ (The Sartorialist: Milano) на Скот Шуман, еден од највлијателните современи фотографи на уличната мода. На повеќе од двесте страници, ова издание на издавачката куќа „Ташен“ (Taschen) сумира речиси две децении стилски идентитет на градот што во меѓувреме стана и нов дом на авторот, како и неисцрпен извор на неговата инспирација.