„Пантон“ за боја на 2026 година ја избра Cloud Dancer – нежна облачно бела нијанса што, и покрај минимализмот, станува силен визуелен код во глобалниот дизајн и производствената индустрија. Тимот на Институтот за бои „Пантон“, составен од експерти, истражувачи и антрополози од различни делови на светот, уште од 2000 година ја определува бојата на годината преку анализа на културата, модата, уметноста, технологијата и општествено-економските трендови. Одлуката никогаш не ја носи поединец, туку тим што ги следи глобалниот дух на времето и насоките во дизајнот.
Извршната директорка Лиатрис Ајземан и нејзината заменичка Лори Пресман го водат процесот на истражување: најпрво собираат визуелни сигнали, креираат инспиративни табли и издвојуваат палети што упорно се повторуваат во различни индустрии, а потоа ја анализираат психологијата на боите – каква емоција носи секоја нијанса и каква порака испраќа. Од тоа се формира потесен избор, а потоа и финалната одлука, која „Пантон“ ја претвора во приказна, производи, соработки и глобална кампања. Затоа бојата што ќе ја одберат подоцна се појавува насекаде: во модните колекции, во пакувањата, во визуелниот идентитет на брендови, па дури и во инстаграм-естетиката – бидејќи индустриите го следат изборот на „Пантон“ како сигнал за движење на трендовите.
Според „Пантон“, нијансата внесува чувство на леснотија, чистота и ненаметлива елеганција. Таа се истакнува преку својата тивка присутност – неутрална и суптилна, но визуелно силна кога е употребена во соодветен контекст.
Прочитај повеќе
Зошто минимализмот е сè поважен во луксузната мода и во уметностa
Спектаклот е забавен, едноставноста е здодевна. Но се чини дека здодевноста е она што најмногу ни недостига денес - реченица што ја слушаме сè почесто во светот на луксузот. Како е можно тоа?
15.11.2025
Продажбата на „Прада“ расте, а со тоа и надежта за луксузниот сектор
„Прада“ забележа пораст на нето-продажбата на 4,07 милијарди евра во првите девет месеци од 2025 година, со скок од 41 процент кај брендот „Миу миу“, што го компензира падот кај главниот бренд и внесува оптимизам во индустријата на луксузот.
28.10.2025
Новите текстилни правила на ЕУ би можеле да ги зголемат цените на облеката
За првпат Европската Унија воведува обврска за текстилните производители да ги финансираат собирањето и рециклирањето на облеката.
22.10.2025
Како Армани го скрои визуелниот идентитет на современиот спорт
Ретко некој толку длабоко ги поврзал модата и спортот, не само како спонзор туку и како архитект на визуелниот идентитет на натпреварите, клубовите и спортистите, како Џорџо Армани, италијанскиот моден гуру што нè напушти во четвртокот.
09.09.2025
Луксуз во вашиот рачен багаж: Стил од милион долари со малку облека
Како во вашиот рачен багаж да спакувате сè за беспрекорен стил што ги опфаќа сите пригоди?
19.07.2025
Брендовите ја избираат затоа што може да ги омекне поинтензивните тонови, да го нагласи обликот или текстурата на производот и да создаде современа смирена естетика без агресивни визуелни елементи.
Cloud Dancer
Промени во модата и во ентериерот
Во модната индустрија оваа нијанса станува клучна алатка за создавање софистицирани парчиња облека што зрачат со минимализам. Од лесни летни силуети до зимски слоевити комбинации, изборот на „Пантон“ за 2026 година ѝ овозможува на модата да се фокусира на кројот, материјалот и движењето. Во комбинација со пастелни, земјени или подлабоки контрастни тонови, создава хармонија што природно се вклопува во сите сезони и трендови.
Cloud Dancer
Во ентериерот и декорацијата, оваа облачно бела нијанса внесува смиреност и баланс, особено во простори што тежнеат кон спа-атмосфера, воздушност и светлина. Служи како „празно платно“ што им дозволува на архитектонските детали или декоративните елементи да дојдат до израз. Особено е ефектна на текстури како керамика, дрво, ткаенини и мат-површини, каде што го нагласува природниот карактер на материјалот.
Козметичкиот сектор ја гледа оваа нијанса како симбол на чистота и природен сјај на кожата. Во амбалажата внесува чувство на чист, модерен и доверлив бренд, а во самите формулации служи како база за осветлување, лесни пудри и производи што создаваат природен, ненаметлив изглед „без шминка“
Влијание врз технолошкиот сектор
Кај технолошките производи и уреди оваа суптилна бела боја се покажува како извонредно благодарна. Минималистичките палети веќе со години доминираат во технолошката индустријата, а изборот на „Пантон“ за 2026 година совршено се вклопува во идејата за елегантна тивка технологија што природно се интегрира во животниот простор на корисникот.
Во комбинација со металик-ефекти изгледа футуристички, додека во мат-изведба дава пријатно доживување на мек допир.
Cloud Dancer
Во амбалажата и брендирањето оваа нијанса им помага на компаниите да испратат суптилна, но јасна порака за модерност, едноставност и префинетост. Може да биде доминантен елемент на дизајнот, но исто така функционира и како ненаметлива заднина што им дозволува на логотипот, типографијата или графичките детали да дојдат до израз.
Брендовите што сакаат да покажат одржливост, свежина и транспарентност сè почесто се одлучуваат за вакви чисти, неутрални тонови.
Луксузен минимализам во автомобилската индустрија
Во автомобилскиот и индустрискиот дизајн, бојата на 2026 година внесува визуелна леснотија и луксузен минимализам. Се користи за нагласување на формата и линиите, особено во внатрешноста на возилата, каде што создава чувство на просторност и уредност. Како акцент во комбинација со потемни нијанси или металик-завршници внесува софистициран баланс.