Пред Окружниот суд Басмани во Москва вчера се појавија сите четворица осомничени за нападот во концертната сала во предградието на Москва, во кој загинаа 137 лица, а 154 се повредени.
Двајца од нив, наведува „Скај њуз“, ја признале својата вина за нападот, но сите ќе останат во притвор најмалку до 22 мај.
Како што пренесуваат руските медиуми, осомничените се обвинети за тероризам и им се заканува доживотен затвор.
Прочитај повеќе
Приведени се извршителите на синоќешниот напад во близина на Москва, изјави Путин
Путин имаше телевизиско обраќање
23.03.2024
Бројот на загинати расте, Москва го впери прстот кон Украина
Бројот на загинати се зголеми на 115 лица
23.03.2024
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Москва
Во нападот убиени се најмалку 60, а ранети најмалку 145 луѓе
23.03.2024
Напад во Москва - 40 мртви, над 100 повредени во концертна сала
Вооружени лица извршиле напад во концертната сала во Москва вечерва
22.03.2024
Пред судот вчера се појавија извршителите на чинот што го шокира светот: Далерџон Баротович Мирзоев (32), Саидакрами Муродали Рачабализода (30), Шамсидин Фаридуни (25) и Мухамедсобир Фајзов (19), сите државјани на Таџикистан.
Според руските власти, на сите четворица осомничени Таџикистанци им е одреден притвор најмалку до 22 мај, пред да им се суди.
Руските власти претходно објавија дека се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица напаѓачи.
Бројот на загинатите во терористичкиот напад во концертната сала во предградието на Москва се зголеми на 137, меѓу кои и три деца, соопштија вчера руските истражители, додавајќи дека на местото на настанот пронашле оружје и муниција.
Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава.