Светлана Мојсов, вонредна професорка на универзитетот „Рокфелер“, е именувана на листата „Тајм 100“ на највлијателни луѓе за 2024 година.
Листата им оддава почит на уметници, иноватори, лидери во различни области, објави универзитетот на својата веб-страница.
Мојсов беше именувана на листата за нејзините откритија за хормонот GLP-1 за регулирање на шеќерот во крвта. Тоа откритие го отвори патот за лансирање на успешните лекови за дијабетес и дебелина.
Прочитај повеќе
Лекови за дијабетес што ги има и во Македонија ја вивнаа фармацевтската индустрија
Пазарната капитализација на производителот на лекот надмина 400 милијарди долари.
10.08.2023
Што треба да знаете за лековите како „вегови“ кои се користат за губење на тежината
Лековите од оваа категорија се користат речиси 20 години за лекување на пациенти со дијабетес
02.10.2023
Колку се слабее од лековите што свртеа економии, а ги бараат и Македонци
Лековите за слабеење на „Ново Нордиск“ и на „Ели Лили“ предизвикаа бум на пазарот.
24.10.2023
Продажбата на лекови за слабеење ќе достигне 100 милијарди долари
Пазарната вредност на лековите за слабеење континуирано ќе расте до 2030 година
17.10.2023
Скокнаа акциите на „Ново Нордиск“, неговиот лек за слабеење е добар и за срцето
Истражување покажа дека „вегови“ го намалува ризикот од срцев удар и смрт кај дебелите луѓе и оние што страдаат од срцеви заболувања.
13.11.2023
Што треба да знаете за лековите за слабеење како „оземпик“
Последен пат толкава возбуда за нов лек имаше за „вијагра“, која беше одобрена во 1998 година.
10.11.2023
Од лековите за слабеење се заработува над очекувањата
Над 90 отсто од продажбите на лекови за слабеење се реализирани во САД
05.11.2023
Раст на „Ели Лили“ поради лек за слабеење кој се очекува да биде најдобар досега
Фармацевтската компанија прогнозира дека продажбата годинава ќе биде поголема од процените на пазарот.
07.02.2024
„Ново Нордиск“ достигна пазарна вредност од 500 милијарди долари
Дури и растечките здравствени и технолошки акции во регионот не се совпаѓаат со растот што го нудат акциите на Волстрит.
01.02.2024
Данската компанија „Ново Нордиск“ токму со ваков тип лекови („оземпик“ и „вегови“), кои го имитираат дејството на GLP-1, предизвика револуција на пазарот во последните две години.
Работела со двајца нобеловци
Мојсов почнала да го истражува дијабетесот на универзитетот „Рокфелер“ како студентка и постдокторска соработничка во лабораторијата на Брус Мерифилд (добитник на Нобеловата награда во 1984 година).
Во 1980-тите, таа се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што почнала да го истражува тогаш мистериозниот GLP-1 (пептид 1 сличен на глукагон). Таа беше првата што ја идентификува биолошки активната низа на GLP-1, скриена во целата низа од 37 аминокиселини.
Во 1990-тите Мојсов се враќа на универзитетот „Рокфелер“ и соработува со уште еден нобеловец – Ралф Марвин Штајнман (добитник на наградата за медицина во 2011 година).
Во соработка со други, Мојсов докажа дека GLP-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, што доведе директно до терапевтски развој на GLP-1. Фактот што оваа нова класа на лекови сега ја користат милиони луѓе е многу задоволувачки.
„Се чувствувам професионално и лично исполнето“, вели Светлана Мојсов.
Ќерка на Лазар Мојсов
Светлана Мојсов е Македонка. Родена е во Скопје во 1947 година, дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Белград, отсек физичка хемија. Се запишала на постдипломски студии на универзитетот „Рокфелер“ во 1972 година.
Taa e ќерка на Лазар Мојсов, познат политичар и дипломат во поранешна СФРЈ.
Во 2023 година Мојсов ја доби наградата „Винфјучр“ (VinFuture) за значајни достигнувања во научни дисциплини во развој.
Лани исто така беше прогласена за една од десетте највлијателни научници од реномираното списание „Нејчр“ (Nature).