Какви се макроекономските показатели во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате во понеделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, анализираме какви даночни политики применуваат земјите за енергијата од обновливи извори и дали на Македонија и е потребна даночна реформа за зелената енергија.
Во дигиталната ера сè почесто граѓаните се мета на измамнички трансакции. Истражуваме колку измами евидентирала Народната bанка. Прашуваме колку приватните компании и државните институции инвестираат во сајбер безбедноста на личните податоци на граѓаните.
Го анализираме македонскиот банкарски сектор во делот на раководните позиции. Какви промени на директорските позиции направија банките во изминатиот период, колкави се нивните плати кој одлучува за новите раководни позиции.
Семејните бизниси се од клучно значење за регионалната економија, имајќи предвид дека половина од вработените во приватниот сектор во Централна и источна Европа се вработени во семејни и управувани компании. Анализираме како е во Македонија, кој управува со компаниите и дали колку семејните бизниси придонесуваат во економијата.
Истражуваме дали европската економија може да биде конкурентна со економиите на САД и Кина, што недостига и каде да се инвестира. Регулацијата на вештачката интелигенција од страна на Европската унија наметна построги регулативи за разлика од САД и Кина. Анализираме дали оваа регулација ќе ја загрози конкурентноста на европските компании.