Невидениот колапс на електричната мрежа остави дури три држави без струја. Проблемите почнаа од Црна Гора, преку делови од Босна и Херцеговина и низ цела Далмација, па се до Риека.
Според „Хина“, никогаш немало дефект на електроенергетскиот систем преку три држави. Дознаваме и дека диспечерите во моментов избезумено разговараат меѓу себе, од држава до држава, за да утврдат што се случило и да смислат план за закрепнување, бидејќи ниту една држава не може да биде изолирана во однос на напојувањето бидејќи сите се приклучени на далноводи.
Причината се уште не е позната, засега се шпекулира дека потрошувачката скокнала поради високите температури и дека системот во еден момент пропаднал.
Откако се урна нивната веб-страница, ХЕП излезе со соопштение.
„Прекинот на снабдување со електрична енергија во делови од Република Хрватска предизвика меѓународно нарушување кое зафати повеќе земји.Хрватскиот преносен систем оператор врши анализа со системските оператори од соседните земји со цел да се утврди причината.
Со цел да се ублажи проблемот со меѓународниот прекин на снабдувањето со електрична енергија, Хрватска електропривреда ги стави во целосна функција сите производствени капацитети за да може да обезбеди снабдување со електрична енергија на граѓаните на Република Хрватска во најкус можен рок.
Прекин на струја се случи и во поголемиот дел од Босна и Херцеговина (БиХ) во петокот околу пладне, а според првите информации нема струја во Сараево, Зеница, Бања Лука, Прњавор, Котор Варош, Дервента, јавува редакцијата на „Блумберг Адрија“ од Сараево.
Од компаниите за снабдување со електрична енергија се уште нема детално објаснување која е причината за прекинот на струја во поголем дел од Босна и Херцеговина.
Електропривреда БиХ за порталот „Кликс“ изјави дека поради прекини на далноводите во регионот, дошло до нарушувања во системот на БиХ.
Поради прекин на електричната енергија, семафорите низ градовите не работат, а сообраќајот е во прекин.
Како што пренесуваат регионалните медиуми, без струја е и Црна Гора.
Поради прекин на мрежата на црногорскиот електродистрибутивен систем без струја е речиси целото подрачје на Црна Гора, а според црногорските медиуми избувнал пожар на еден од далноводите.