Горештини ја зафатија Југоисточна Европа, загрозувајќи го здравјето на милиони луѓе додека најниските дневни температури се зголемуваат. До крајот на следната недела, температурите во Атина нема да се спуштат под 30 степени Целзиусови (86 F), според „Ведр Сервисес Интернешнл“ (Weather Services International). Рим и Мадрид се соочуваат со дневни минимални температури кои надминуваат 20 степени Целзиусови, нивоа што беа забележани и околу Женевското езеро претходно оваа недела.
Климатските промени ја зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на топлотните бранови, додека континуираните високи минимални температури не му дозволуваат на телото да се опорави во текот на ноќта, според Светската метеоролошка организација. Грција и Балканот се најтешко погодени во Европа од горештините ова лето.
Грчките пожарникари продолжуваат да се борат со пожарот во регионот на Коринтија. Нови пожари избувнаа и во петокот во северна Грција, вклучително и пожари во близина на Солун, вториот по големина град во земјата.
Прочитај повеќе
Македонија на удар: Откриваме докази дека климатските промени се тука
Време е терминот климатски промени да се промени во климатска криза, вели еко-активистот Горјан Јовановски
11.07.2024
Климатските промени ќе го поскапат осигурувањето и во Македонија
Глобално, економските загуби од природните катастрофи достигнаа 280 милијарди долари
11.07.2024
Евакуирани туристи од грчките острови поради пожари
Посетителите и локалните жители беа замолени да го напуштат селото Кардамена на островот Кос синоќа
02.07.2024
Светска банка: Македонија да преземе реформи за справување со климатските промени
Во изминатите 50 години Македонија забележа значителен пораст на бројот на поплави и екстремни топлотни бранови.
01.07.2024
Топлотниот бран во Европа ќе продолжи и следниот месец
Низ Грција во јуни избувнаа шумски пожари, бидејќи температурите се искачија над 40 степени.
28.06.2024
Голем дел од Медитеранот и понатаму е под многу високо ниво на тревога поради шумски пожари, при што Албанија доби грчка поддршка на почетокот на оваа недела за да ги контролира пожарите.
Се предвидува дека температурите во делови од континентална Грција ќе се искачат до 43 степени Целзиусови во наредните пет дена, додека Сицилија и другите региони на јужна Италија ќе надминат 40 степени Целзиусови.
Интензивните горештини на југоисток донесоа остра поделба низ Европа, при што Велика Британија и северна Франција ќе останат посвежи од вообичаеното во следните седум дена.
Според ВСИ, за Лондон до крајот на следната недела се предвидуваат потопли денови.