Европа се подготвува за најстудената зима од инвазијата на Русија врз Украина, што ќе ги зголеми веќе високите трошоци за енергија додека континентот ги троши своите резерви од гас побрзо од вообичаено.
Според податоците од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози, собрани од „Блумберг“ (Bloomberg), температурите од сега до март ќе останат претежно под нивото забележано во последните две години. Тоа веројатно ќе ја зголеми побарувачката за греење на највисоко ниво од почетокот на војната во Украина, според податоците од „Максар“ (Maxar Technologies Inc).
Сепак, оваа зима, како и претходните две, температурите се очекува да останат над сезонските норми, додаде компанијата.
Прочитај повеќе
Црните сценарија се остваруваат: Студот ги зголемува цените на гасот и на струјата
Цените на природниот гас се зголемија за околу 20 отсто за еден месец.
27.11.2024
Нуклеарна централа во Македонија - за и против
Притисната од потребата за намалување на штетните емисии, Европа се врти кон нуклеарките.
19.11.2024
ББА-коментар: Регулирањетo на цените на струјата и гасот на клацкалка
Зголемувањето на цените на струјата носи повисоки трошоци за стопанството.
28.10.2024
Но континентот останува ранлив на временски нарушувања. Студена зима би извршила дополнителен притисок врз веќе високите цени на гасот и електричната енергија. Тоа може да се совпадне со прекинот на протокот на гас низ Украина од 1 јануари, кога температурите обично паѓаат на најниско ниво.
Студеното време и условите со слаб ветер месецов веќе резултираа со повлекување на гасот од складиштата, кое беше побрзо од вообичаено. Тоа предизвикува загриженост за доцната зима и сезоната на обновување на резервите следното лето.
Ескалацијата на борбите меѓу Русија и Украина ги зголемува енергетските ризици за Европа.
„Максар“ очекува претежно благи услови за Северна и Централна Европа, со пониски температури фокусирани главно на југ, како Италија и Балканот, според Метју Дрос, метеоролог во метеоролошкиот сервис.
Според „Ведр сервисис“ (Weather Services International), температурите се очекува да паднат во декември, со зголемување на побарувачката за греење низ Европа на нивоа што ги надминуваат сезонските норми. Во Осло просечната температура се предвидува да падне до -12 Целзиусови степени на 8 декември, што е 9 степени под 30-годишниот просек.