Ако вашиот страв од летање порасна во последниве месеци поради повеќето незгоди ширум светот, не сте сами.
Додека чекаме да се спушти прашината, побаравме од експерти да ја разгледаат состојбата во авијацијата и да дадат совети како да се чувствуваме безбедно во воздухот.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Основната каматна стапка се задржува на 6,30 проценти
На седницата на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка е одлучено каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари.
„И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Воедно, последните промени во инструментот задолжителна резерва коишто се применуваат од јуни 2024 година, ќе придонесат за дополнителна поддршка на тековната поставеност на монетарната политика“, соопшти Народната банка.
Јалов раст на платите: Животниот стандард трпи голем пораз
Во Македонија изминатиов период има континуиран раст на просечната плата, која заклучно со мај 2024 година достигна рекордни 41.252 денара. Тоа „на хартија“ изгледа како позитивен тренд, меѓутоа само ако бројките се гледаат со розови очила.
Статистичките податоци откриваат дека во изминативе петнаесетина години трошоците на животот го јадат растот на платите и дека македонските граѓани денес се принудени да одвојуваат многу повеќе од семејните буџети за задоволување на основните потреби за храна и комуналии отколку порано...
Ќе стане ли хартијата луксуз?
Цените на целулозната каша односно дрвната пулпа (од англиски: pulp), која е главна суровина за производство на хартија се на рекордно ниво поради посилната побарувачка од Кина во однос на очекувањата за почетокот на 2024 година (која сочинува 40 проценти од светската побарувачка) како и зголемената побарувачка од Европа.
Дополнително, штрајкот во Финска (една од најголемите производители на дрво и целулозна каша) и поплавите во Јужна Америка ги притиснаа производителите значително да ги зголемат цените на оваа суровина...
„Дојче банк“ ја објави својата прва загуба во последните четири години
„Дојче банк“ ја претрпе својата прва квартална загуба во последните четири години, бидејќи тргувањето беше забавено, и како мерка на претпазливост за трошоците од долгогодишниот правен спор со акционерите на „Постбанк“ мораше да издвои 1,3 милијарда евра.
Најголемата германска банка соопшти дека најверојатно ќе се воздржи од втор откуп на акции годинава, откако одредбата за тужба од 1,3 милијарда евра поврзана со „Постбанк“ доведе до загуба од 143 милиони евра.
Листата на најмоќни пасоши во светот има нов шампион
Сингапур ги престигна Франција, Германија, Италија и Шпанија и ја врати титулата земја со најмоќен пасош во светот.
Да се има сингапурски пасош значи безвизен влез на рекордни 195 светски дестинации, ставајќи го градот-држава на врвот на индексот Henley Passport. Четирите европски земји што го држеа првото место претходно годинава, сега се на второто место заедно со Јапонија.
Седум земји се рангирани на третото место. Имателите на пасоши од Австрија, Финска, Ирска, Луксембург, Холандија, Јужна Кореја и Шведска лесно можат да влезат на 191-то место.