Предупредувања за големо невреме се во сила за дел од Европа, од југот на Франција до Балканот.
Портокалово предупредување е во сила за Ломбардија, Пиемонт, Тоскана и Умбрија во Италија, бидејќи летните горештини им отстапуваат место на силните бури. Србија се соочува со слични предупредувања, додека француската ривиера е под жолто предупредување.
Климатските промени ги зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на топлотните бранови, што предизвикува екстремни временски настани, како што се силни бури и пожари. Како што Средоземно Море се загрева - достигнувајќи рекордна просечна температура месецов - така дополнително ги интензивира бурите низ регионот.
Во Грција, пак, Атина и околниот регион Атика и понатаму се соочуваат со висок ризик од шумски пожари, заедно со североисточен Пелопонез, островот Евија, Кикладските Острови, вклучувајќи ги Миконос и Санторини. Пожарникарите, поддржани од авиони и хеликоптери, се борат со пожарот кај селото Каливија Соксас во јужниот дел на Пелопонез.
Иако ова беше најлошата сезона на шумски пожари во последните две децении, имаше само еден голем пожар - на периферијата на главниот град пред две недели - откако распоредувањето дронови и камери го забрза времето на реакција.
За 24 часа, до 18:30 часот, избувнале 52 пожара, но ризикот се очекува да се намали во вторник бидејќи брзината на ветерот се намалува.
Денеска има и жолто предупредување за обилни врнежи низ јужна Шкотска, иако јужните делови на земјата ќе се загреат во текот на следните денови. Во Лондон се прогнозира дека температурата в среда ќе се искачи до 28 Целзиусови степени, според прогнозерот на „Мет офис“ (Met Office).