Израел уби истакнат командант на Хезболах во воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут во петокот, неколку дена по серијата напади што поттикнаа стравувања дека конфликтот меѓу двата заколнати непријатели може да излезе од контрола.
Израелските одбранбени сили соопштија дека во воздушниот напад врз Бејрут бил убиен Ибрахим Акил, шеф на елитната единица Радван на Хезболах и член на највисокиот воен совет на групата. Акил, исто така, беше главен член на Организацијата Исламски џихад, која ја презеде одговорноста за бомбашките напади на американската амбасада во Бејрут и касарната на маринците во 1983 година, според американската влада.
Хезболах ја потврди смртта во порака објавена на својот официјален профил на Телеграм во саботата. Портпаролот на израелската војска, адмиралот Даниел Хагари, рече дека околу 10 команданти на Радван исто така биле убиени. Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 12 лица се убиени, а 66 се ранети во нападот.
Нападот доаѓа само неколку дена откако експлодираа пејџери и воки-токи уреди користени главно од членови на Хезболах, при што загинаа најмалку 37 луѓе, а илјадници други беа повредени. Групата рече дека операцијата е тежок и без преседан безбедносен удар, го обвини Израел и вети дека ќе возврати. Израел не ги коментираше тие настани, но вели дека фокусот на неговите воени операции се префрла од војната против Хамас во Газа на северната граница со Либан.
Акил е вториот висок командант на Хезболах убиен од Израел во последните два месеца. Израелски напад го одзеде животот на началникот на Генералштабот на групата, Фуад Шукр, во јули, неколку часа пред Иран да соопшти дека Израел го убил политичкиот водач на Хамас Исмаил Ханија во Техеран. Израел не ја коментираше смртта на Ханија.
Телевизиските снимки од последниот инцидент покажауваат остатоци кои покриваат тесна улица во станбена област во Бејрут, со неколку јагленосани возила и мотоцикли. Единицата за цивилна одбрана на Либан соопшти дека две згради во населбата Џамус се урнале, а медицинските лица трагаат по преживеани под урнатините.
Повеќе детали прочитајте на овој ЛИНК.