Општо

Ураганот Милтон ја напаѓа Флорида со разорни ветрови и дождови

Извор: Mary Hui, Brian K Sullivan/Bloomberg

10 октомври 2024, 09:40

Над два милиона дома и деловни простории се без струја

Екстремните ветрови и поројните дождови и поплави продолжуваат

Бурата се движи кон внатрешноста

Ураганот Милтон ја напаѓа Флорида со разорни ветрови и дождови

Bloomberg

Ураганот Милтон го зафати западниот брег на Флорида во близината на Тампа, проследен со ветрови што кршат дрвја и со силен дожд, туркајќи огромни бранови вода на брегот и доведувајќи ги животите во опасност во овој густо населен регион. Уште нема официјални податоци за повредени или за жртви.

Милтон стигна до брегот во близината на Сиеста Кеј како ураган од трета категорија и сега развива ветрови со брзина од 100 милји (160 километри) на час, посочува Националниот центар за урагани на САД. Прогласена е вонредна состојба од поплави во областа на заливот Тампа, бидејќи бурата се движи кон внатрешноста и кон источниот брег на Флорида.

Ураганот ги распарчи покривот на „Тропикана филд“, стадионот со купола во Сент Питерсбург и дом на тимот Тампа Беј Рејс од бејзбол-лигата Мејџор (Major League Baseball), објави Еј-би-си (ABC). Според „Пауеротејџ“ (PowerOutage.us), невремето го прекина снабдувањето со струја на повеќе од два милиона дома и деловни објекти во Флорида.

Bloomberg
 

Милтон стигна до западниот брег јужно од местото каде што пред две недели ураганот Хелен го погоди крајбрежјето на Флорида. Хелен тогаш одзеде најмалку 230 животи. Годинава американското копно беше погодено од пет урагани, вклучувајќи го и Берил, кој во јули го погоди Хјустон и остави без струја милиони дома и компании.

Според Центарот за урагани, заливот Тампа (Tampa Bay) може да се соочи со бранови високи 1,5 метар, додека островот Ана Марија може да биде погоден од бранови високи дури четири метри. Милтон исто така може да донесе многу обилни дождови во некои области.

„Овие врнежи и понатаму ќе носат ризик од катастрофални и опасни по живот бранови и поплави во густо населените места, заедно со умерени до големи излевања на реките“, рече Ричард Паш, метеоролог во Центарот за урагани.

Силните ветрови на Милтон забавија, но бурата значително се зголеми. Ветровите со тропска бура сега достигнуваат 410 км час, што е речиси двојно повеќе од пред само 24 часа, кога дуваа со брзина од 225 километри.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

„Се очекува Милтон да предизвика штети и загуби во опсег од 60 до 75 милијарди долари, што е голема катастрофа за регионот“, предупреди Чак Вотсон, вештак за катастрофи за „Енки рисрч“ (Enki Research), уште пред бурата да стигне до копното.

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, на брифингот вчера рече дека државата има во готовност повеќе од 50.000 лица, кои се подготвени да започнат со обновување на мрежата за електрична енергија веднаш штом ќе биде безбедно. Претседателот Џо Бајден рече дека федералната влада е подготвена да распореди воен персонал за да им помогне на жителите за обновување на домовите.

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите