text size
Фудбалската репрезентација на Шпанија во финалето на најголемото Светско првенство во историјата доцна во неделата го совлада актуелниот светски шампион, Аргентина и на својот дрес ја додаде втората ѕвезда, 16 години по првата. Меѓутоа, епилогот на овој турнир веќе во понеделникот падна во сенка на воениот конфликт меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, кој продолжува да ескалира, откако двете страни десетти ден по ред извршија меѓусебни напади.
Продолжувањето на воените дејствија на Блискиот Исток придонесе за повторно нарушување на поморскиот сообраќај низ клучните тесни поморски премини на Блискиот Исток. Тоа влијаеше цената на нафтата да надмине 100 долари за барел за првпат по два месеца. „Голдман сакс груп“ (Goldman Sachs Group Inc.) подоцна оцени дека цената на нафтата Брент би можела да надмине 120 долари за барел до четвртиот квартал доколку продолжат нарушувањата во Ормуз.
Геополитичките превирања и растот на цената на нафтата повторно го вратија стравот од забрзување на инфлацијата и предизвикаа главоболки за монетарните власти во светот. И покрај тоа, Европската централна банка (ЕЦБ) реши да ги остави каматните стапки непроменети на 2,25 проценти. Сепак, повеќето испитаници во анкетата на „Блумберг“ очекуваат во септември да има зголемување од четвртина процентен поен на депозитната стапка која во тој случај би изнесувала 2,5 проценти.
Прочитајте повеќе:
Кратките патувања создадоа бум на вилите и куќите за одмор, раст на нов пазар
Македонска берза: индексот со најлошо полугодие за изминативе пет години
Светска ранг-листа на акциските пазари - каде заработија инвеститорите, а каде изгубија?
Кои се клучните фактори за висината на пензиите во Македонија?
Посочивме дека ситуацијата со дизелот во Европа станува напната и прашавме што нѐ очекува во Македонија во однос на снабдувањето со овој вид гориво. Откривме дека инфлацијата во Македонија и регионот не удира сегде исто односно дека има големи разлики во цените на основните прехранабени производи. Кога е во прашање инфлацијата, преупредивме дека на есен црно ни се пишува ако САД и Иран не ги закопаат секирите.
Не треба да заборвиме дека Скопје во текот на неделата беше зафатено од силно невреме, кое корнеше дрвја, кровови и настрешници. Во невремето за среќа немаше жртви, но имаше повеќе повредени лица и многу штети. Анализиравме кој има право на отштета односно какви услови треба да се исполнети за да се добие надомест за материјалните штети.
На крајот на неделата на сцената повторно настапи американскиот претседател Доналд Трамп кој реши да воведе нов пакет царини на увозот од 60 трговски партнери на Соединетите Американски Држави, со што неговата администрација направи најзначаен чекор досега во обновувањето на протекционистичката трговска политика, откако претходниот тарифен режим беше поништен од Врховниот суд. Новите давачки се движат меѓу 10 и 12,5 проценти.