Во 1960 година Дубаи беше дом на само 40.000 луѓе, а сега таму живеат 3,8 милиони. Згора на тоа, до 2040 година се очекува бројката да се зголеми уште за два милиона. Атрактивноста на Дубаи и приливот на иселеници што бараат високоплатени работни места ја зајакнуваат економијата на деловниот центар на Блискиот Исток, вреден речиси 115 милијарди долари, но тоа истовремено ги разоткрива и ограничувањата на инфраструктурата.
Добро утро, прочитајте ги петте важни вести на почетокот од денот.
Компаниите котирани на берзата со повисока добивка од лани
Котираните компании на официјалниот пазар на Македонската берза, ако се гледа според бројот на друштва што оствариле добивка, годинава во првите шест месеци работеле полошо одошто истиот период лани. Од вкупно објавените неревидирани финансиски извештаи од 95 акционерски друштва, 69 од нив првото полугодие од 2024 година го завршиле со нето-добивка, а 26 компании со нето-загуба.
Ако се анализира, пак, вкупната добивка на оние што работеле позитивно, таа годинава е повисока од лани за 22,16 проценти. Ние анализираме, вие читајте.
„Дајнерс клуб Македонија“ планира јавна понуда на акции и котација на берзата
Свежина и пресврт на домашниот пазар на капитал ќе донесе одлуката на финансиското друштво „Дајнерс клуб Македонија“ да направи јавна понуда на акции (ИПО - од англиски: Initial public offer) и да стане котирана компанија на Македонската берза. Процесот е во тек, но засега не се откриваат детали за времето кога компанијата ќе им понуди акции на инвеститорите и ќе стане друштво со чии акции ќе се тргува на берзата.
ББА-коментар: Монтажното градење во регионот сè уште заостанува зад европскиот пазар
Иако европскиот тренд на преминување од традиционалниот начин на градење на панел-решенија е бавен, зголемената побарувачка во последните години е поттикната од можноста да се добијат побрзи решенија за домување или бизнис, поточно - попредвидлива е временската рамка за завршување на монтажните градежни проекти.
На Балканот сѐ уште важи тврдењето дека објект без бетонски столбови и конструкција е само привремен објект и во таа смисла нашите земји се далеку зад Европа.
Европа е во трка со времето за да ги задржи конкурентноста и довербата во ЕУ
Комбинацијата од политичка парализа, надворешни закани и економски проблеми се заканува да им стави крај на амбициите на Европската Унија сама по себе да стане глобална сила - наместо тоа, ги турка земјите членки кон одбрана на сопствените интереси.
По децении предупредувања и раст под нивото, лидерите на регионот одеднаш се соочуваат со низа докази дека падот станува незапирлив. Читајте повеќе за тоа кои се предлозите за враќање на довербата.
Огромен потенцијал на женскиот спорт, пробиена е границата од милијарда долари
Растот на популарноста на женскиот спорт на глобално ниво пластично се искажува со цифра од 1,3 милијарда долари очекуван приход од целиот сектор во 2024 година.
Структурата на приходите во женскиот спорт значително се разликува отколку во машкиот, каде што доминираат телевизиските права. Овде најзначајна ставка се комерцијалните приходи, кои опфаќаат спонзорства и продажба на производи.
Сепак, разликите меѓу најплатените спортисти и спортистки и натаму се огромни и неспоредливи.