Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Како што оцени денеска, состојбата е стабилна и консолидирана, а Владата, и покрај сите предизвици, навреме презема мерки за да нема ценовен шок и да има електрична енергија.
Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, за идната недела најави „пријатно изненадување“ поврзано со енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси.
„До овој момент немам информација дека ќе има зголемување на цената на електричната енргија. Зимата ќе биде предизвикувачка, имајќи предвид со што се соочува Европа и какви се временските прогнози. Во име на тоа преземавме мерки за да не дојде до ценовен шок и до поскапување на струјата. Како тоа на крај ќе заврши, зависи и од Регулаторна комисја за енергетика“, истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на делници во Велес.
Прочитај повеќе
ББА-коментар: Регулирањетo на цените на струјата и гасот на клацкалка
Зголемувањето на цените на струјата носи повисоки трошоци за стопанството.
28.10.2024
ББА-коментар: Цените на струјата и на гасот зависат од геополитиката
Производството на струја во регионот Адрија е послабо поради сушата.
17.10.2024
Регионот го очекуваат сурова зима и поскапа струја
Уништената енергетска инфраструктура во Украина ја поскапува струјата за регионот.
17.10.2024
Тој потсети дека оваа Влада го почна мандатот со одлуката од претходната, која обезбеди 85 отсто од потребите на граѓаните во периодот од 1 јули до 31 декември.
„Веќе сме средина на ноември, ние ја зголемивме количината на 100 проценти, а притоа не дојде до поскапување на струјата. Компанијата се консолидира, ја посетивме РЕК Битола, околу 200 - 250 илјади тони имаме на депонија, на греда, таа состојба беше на нула, имаме парче кое се ископува од 1,5 милиони, се увезува јаглен по 10, 15, 20 отсто пониски цени, режиските трошоци се намалени за 15 отсто. Заштедата ќе биде околу половина милијарда денари кога ќе заврши целиот процес. Тоа ми дава право да кажам дека состојбата е стабилна, конслидириана, и покрај сите предизвици преземавме навреме мерки за да нема ценовен шок, да има струја. Гасот што го набавуваме за потребите на ЕСМ е за драматично пониска цена од онаа по која што го набавуваше претходната Влада. Следната недела, среда, четрток, очекувам пријатно изненадување кога станува збор за енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси“, потенцираше Мицкоски.