Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка од функцијата бидејќи повиците на конзервативните пратеници за нејзино повлекување станаа прегласни, по дебаклот со наглите промени во економската политика.
Трас претходно денеска се состана со лидерите на совојата партија во рамките на Комитетот 1922.
Деновиве повеќе од десетина членови на партијата побараа нејзина оставка по одговорите на редовните прашања во парламентот, како и оставка на министерката за внатрешни работи Суела Браверман.
Прочитај повеќе
Политичката нестабилност ги избрка трговците од пазарот со обврзници
Кризата во Велика Британија ја намали активноста на пазарите
20.10.2022
Трас се извини за економскиот дебакл, но останува на функцијата
За само шест недели откако стапи на функцијата, економската политика на британската премиерка предизвика финансиска криза, итна интервенција на централната банка и бројни пресврти.
18.10.2022
Хант за плановите на Трас: Сите опции се на маса
„Нема да отфрлам ништо“, изјави Хант за Би-Би-Си во неделата.
16.10.2022
Разрешен британскиот министер за финансии
Кваси Квартенг веќе не е британски министер за финансии.
14.10.2022
Трас се откажа од намалување на даноците за најбогатите
Премиерката на Велика Британија се откажа од планот за намалување на даноците за најбогатите само 10 дена по објавувањето на ваквата мерка.
03.10.2022
40 милијарди фунти владина помош за британските фирми
Британската влада го претстави пакетот за финансиска помош вреден повеќе милијарди фунти
21.09.2022
Лиз Трас стана премиерка пред само 44 дена и со својата оставка постави рекорд за најкраток престој во Даунинг стрит број 10. Веднаш по доаѓањето на власт, Трас реши драстично да ги намали даноците на најбогатите во земјата, што предизвика општо незадоволство, поради што таа го отпушти својот близок соработник Кваси Квартенг од функцијата министер за финансии.
Трас во денешната изјава најави дека изборите за лидер на Конзервативната партија, кој потоа треба да биде и новиот британски премиер, ќе се одржат следната недела, а дека таа ќе остане на местото премиерка сè до изборот на нејзиниот наследник.
Би-би-си во првичниот коментар за оставката на Трас наведува дека никогаш досега во поновата британска историја не е видена ваква политичка разврска, бидејќи токму вчера таа кажа дека е борец и дека нема да се откаже.
Но, оставката, додава Би-би-си во анализата, го покажува хаосот во Владата, Парламентот и Конзервативната партија што ја довеле Трас до точка во која ѝ стана јасно дека не може да продолжи.
„Ова што сега се случува е најбрзиот пресврт во моќта што сме го виделе во модерно време“, наведува Ник Ердерли, од надворешната редакција на Би-би-си.
„Ова се промени со брзината на светлината. Прашањето е дали Конзервативната партија може да се обедини околу нов лидер и дали партијата може да избегне општи избори. Во октомври ќе го имаме третиот премиер годинава. Ова е невидена ситуација и невиден краток мандат како премиер и невидена криза во британската политика“, се додава во првичниот коментар на Би-би-си на оставката на британската премиерка.