text size
Од утрово колони возила чекаат за влез во Грција меѓу нив најмногу има македонски и српски туристи. Метеж има и на двата гранични премини за излез од Македонија кон јужниот сосед, „Богородица“ и „Дојран“. Но, хаосот е поголем на граничниот премин „Богородица“ каде патниците велат дека чекаат предолго.