Рускиот претседател Владимир Путин в четврток ќе одржи самит со африкански шефови на држави во својот роден град Санкт Петербург, додека африканскиот континент се бори со последиците од повлекувањето на Москва од договорот за украинскиот извоз на жито.
И покрај меѓународната изолација поради инвазијата на Украина, Путин сè уште ужива поддршка во неколку африкански земји, а овој самит претставува можност за дополнително зајакнување на соработката со тој континент. „Важно е дека нашата соработка со Африка во изминатите години достигна ново ниво. Имаме намера дополнително да ја развиваме“, наведе Путин во поздравното писмо до учесниците на самитот.
На самитот ќе учествуваат 17 африкански шефа на држави, меѓу кои и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза. Сепак, Кремљ ги обвини западните земји дека се обидуваат да ги спречат африканските земји да учествуваат на самитот, кој е втор од ваков вид. Првиот се одржа во 2019 година во Сочи, во Краснодарската област, на југот на Русија.
Прочитај повеќе
Пропадна договорот за извоз на жито од Украина, Русија не го продолжува
Договорот за извоз на жито од Украина заврши по речиси една година, откако Русија ја раскина спогодбата.
17.07.2023
Пченицата на највисоко ниво во последните пет месеци
Фјучерсите на пченицата се искачија за 2,6 проценти во Чикаго на 7,7725 долари за бушел, што е највисоко од 21 февруари годинава
25.07.2023
Зеленски: Апсурдно е да не и се понуди членство на Украина во НАТО
Апсурно и незамисливо е Украина да не добие временска рамка за прикучување кон Северноатлантската алијанса, Зеленски со низа критики кон НАТО
11.07.2023
Се очекува Путин на маргините на самитот да има билатерални разговори со колегите и да им се обрати на учесниците на пленарната седница. Главна тема на говорот ќе бидат неговата визија за руско-африканските односи и „создавањето нов светски поредок“, изјави советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков.
Една од главните теми за кои ќе се разговара на самитот ќе биде и крајот на договорот со кој се овозможи извоз на украинско жито преку Црно Море на светските пазари, вклучувајќи ја и Африка. Тој договор обезбеди извоз на околу 33 милиони тони жито од украинските пристаништа за една година, што помогна да се стабилизираат светските цени на храната и да се избегне недостиг.
Да потсетиме, Русија неколкупати најави дека ќе го напушти договорот и напомена дека се согласила на неколку негови продолжувања, не поради Украина, туку поради нејзините сојузници во Африка и Јужна Америка.
„Русија се согласи со договорот да ги поддржи земјите во развој, нашите пријатели, и да постигнеме отстранување на санкциите од нашиот земјоделски сектор. Уште еднаш бевме измамени. Размислуваме како можеме да излеземе од овој таканаречен договор за жито“, рече Путин на средината на јуни во телевизиско гостување.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика африканските лидери да присуствуваат на самитот за да бараат одговори на прашањата за прекините во снабдувањето со жито што доведоа до криза во посиромашните земји. Блинкен јасно ја посочи одговорноста на Русија за актуелната ситуација и очекува африканските партнери да го истакнат тоа и на самитот.
Во меѓувреме, Москва се обиде да ги увери африканските лидери, велејќи дека ја разбира нивната „загриженост“ за ова прашање и дека е подготвена бесплатно да извезува жито во африканските земји на кои им е потребно.