Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина и ќе ги зајакне руските вооружени сили за време на новиот претседателски мандат. Тој исто така се закани дека ќе ги третира „предавниците“ од волонтерски формации „како да се во воена зона“.
Во говорот во изборниот штаб, Путин рече дека високиот одзив на изборите е последица на драматичните настани низ кои поминува земјата.
„Ние сме принудени буквално да ги браниме интересите на нашите граѓани со оружје в раце“, рече Путин, мислејќи на оружената агресија против Украина, која тој ја почна пред повеќе од две години.
Прочитај повеќе
Русија оди на избори со повисок стандард на граѓаните поради воената економија
Две години по инвазијата од Кремљ на Украина, многумина во Русија имаат причина да чувствуваат дека економијата за време на војната функционира добро.
14.03.2024
Путин му подари на Ким Џонг Ун луксузен автомобил од руско производство
Дарежливоста на рускиот претседател Владимир Путин кон Ким Џонг Ун отиде чекор понатаму.
20.02.2024
Стотици приведени во Русија додека земјата тагува за Навални
Во повеќе од десет градови, полицијата уапсила 401 лице до саботата навечер
18.02.2024
Зборувајќи за предизвиците на неговиот нов мандат, рускиот претседател истакна дека е неопходно да се решат задачите на специјалната воена операција (како што Русите ја нарекуваат војната во Украина) и да се зајакнат одбранбените капацитети и вооружените сили.
Тој исто така рече дека на сите агенции за спроведување на законот ќе им биде наложено да го разоткријат секој што се бори против Русија со оружје.
Според Путин, претставниците на Рускиот волонтерски корпус „се фрлаат како топовско месо во мелница за месо на државната граница“. Тој го спореди РВЦ со војската на Власов (Руси што се бореле на страната на Германците во Втората светска војна) и тврди дека од 1.500 доброволци, „околу 800 луѓе биле убиени“. Оваа групација, составена од Руси, се бори на страната на Украина против руската инвазија од самиот почеток и неодамна тие ја презедоа одговорноста за упади на руска територија.
Путин нагласи и дека во Русија нема смртна казна, но „ќе се однесуваме со предавниците како да се во воена зона“.
Шефот на Кремљ исто така рече дека Русија „е за мировни преговори, но само доколку тоа не е затоа што на непријателот му снемува муниција“.
Тој изјави и дека Русија во одреден момент би можела да создаде „санитарна зона“ (тампон-зона) на територијата на Украина. Тој тврди дека ќе биде толку длабока што средствата за уништување, пред сè од странско производство, тешко ќе ја надминат.