Економија

Словенечката Влада ветува минимална загарантирана пензија од 700 евра

Автор: Pia Bedene Kralj

24 мај 2023, 17:55

Премиерот најави предвремено усогласување на пензиите за 1,8 проценти за ноември

Божиќен бонус за пензионерите

Според Голоб мерката ќе опфати околу 10.000 луѓе

Depositphotos

Се очекува оваа недела Владата на Словенија да ја заврши меѓуресорската координација на четири мерки, вредни 100 милиони евра, за подобрување на финансиската состојба на пензионерите, рече премиерот Роберт Голоб на отворањето на Денот на меѓугенерацискиот соживот. Меѓу нив е и зголемување на минималната загарантирана пензија на 700 евра и „божиќен подарок“ за пензионерите.

Премиерот најави предвремено усогласување на пензиите за 1,8 проценти за ноември, за да го исполни ветувањето дека до крајот на годината ќе има минимална загарантирана пензија од 700 евра. Второ, сите пензии за вдовци, согласно првата мерка, најдоцна до први јануари ќе бидат усогласени со минималната загарантирана пензија, што значи дека сите вдовици и вдовци ќе добијат најмалку 700 евра. Според Голоб мерката ќе опфати околу 10.000 луѓе, пренесува СТА.

Третата мерка ќе се однесува на лицата со попреченост кои работат со скратено работно време поради здравствени проблеми. Во такви случаи, според сегашната легислатива, им се намалуваат и пензиските бенефиции.

„Ова ќе го промениме на први јануари. Засега тоа ќе биде за сите што ќе бидат пензионирани во тоа време. Нивната стапка ќе се пресметува како да работат со полно работно време“, рече Голоб.

Четвртата мерка е божиќниот бонус. Ќе се пресметува исто како и годишниот надоместок кој ќе се исплаќа во јуни, но износот ќе биде помал, како што вели Голоб, и ќе изнесува 40 проценти од годишниот надоместок.

„Ќе се плаќа за време на Божиќ, за да можете уште повеќе да уживате во меѓугенерацискиот соживот, што е суштината на животот“, рече премиерот Голоб на собирот.

Сите овие мерки доаѓаат во време кога јавноста очекува претставување на ветената пензиска реформа. На прашањето колку на земјата и се брза да го реконструира пензискиот систем поради празнењето на пензискиот фонд, државниот секретар во Министерството за труд Игор Фекетија за „Блумберг Адрија“ изјави дека тој е „технички празен цело време“, бидејќи постојано се полни и празни во исто време. Пред да се разгледаат појдовните точки, има речиси исто толку предлози колку и прашања како да се наполни касата.