Телеком Србија ќе издаде обврзници вредни половина милијарда евра
Извор: Bloomberg Adria
2 јули 2022, 11:06
Првиот човек на компанијата Владимир Лучиќ во интервју за Bloomberg Adria
Обврзниците ќе бидат издадени во последниот квартал годинава
Bloomberg Adria
Телеком Србија ќе издаде корпораивни обврзници во износ од половина милијардa евра во последниот квартал од оваа година изјави за Bloomberg Adria, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.
Обврзниците на српската телекомуникациска компанија ќе котираат на берзата во Франкфурт или Луксембург, а Лучиќ вели дека очекува голем интерес од инвеститорите.
„Се проценува дека во септември и октомври ќе биде појасно колкави ќе бидат каматите во следните неколку години и дека многу инвеститори кои ќе бидат резервирани поради почетокот на војната ќе треба да почнат да инвестираат до крајот на годината, изјави Лучиќ.
Според него, парите собрани од продажбата на обврзниците ќе се користат за диверзификација на долгот и за рефинансирање на заемите со цел компанијата да се подготви за некои идни превземања во регионот.
Лучиќ зборува и за профитабилноста на инвестицијата во правата за трансфер на Премиер лигата, вредноста на компанијата, како и за нивото на задолженост и профитабилност на Телеком Србија.
Tрговските тензии генерално имаат негативно влијание врз економскиот раст, но во некои сценарија би можеле да ја намалат стапката на инфлација, вели Вујчиќ.