text size
Анализираме зошто има хроничен недостиг од жени во управните одбори на енергетски компании во земјава и што значи кога некој дава пасивен отказ.
Претставуваме кои компании доминираат на нафтениот пазар и какви горива најмногу се употребуваат во Македонија. Истражуваме колку може да се заработи преку продажба на струја од мали хидроелектрични централи, а колку од соларни централи.
Презентираме како се движеле лани платите на топ менаџерите во македонските банки односно дали има покачување или намалување во споредба со претходната година. Анализираме колку цемент се троши во Македонија годишно и како тоа се отсликува во градежната експанзија.
Прашуваме колку е реален најавениот инвестициски бум на Владата и каква е разликата меѓу блокада на сметките на фирмите и на граѓаните.