Со стапка од близу 56 отсто, Данска е лидер во Европа по висината на данокот на личен доход. Најниските стапки во ЕУ ги имаат Бугарија и Романија, 10 отсто. Просечната највисока стапка на персонален данок на доход за 2025 година кај европските земји членки на ОЕЦД изнесува 42,8 проценти.
Во повеќето земји во Европа во сила е прогресивно оданочување, односно тој што заработува повеќе, плаќа повеќе. Највисоката законска стапка на персонален данок се применува на делот од приходот што спаѓа во највисоката даночна класа. На пример, ако една земја има пет даночни класи и највисоката стапка од 50 проценти се применува на праг од над еден милион евра, тогаш секое дополнително евро над милион би се оданочувало со 50 проценти.
Во земјите од регионот Адрија највисоки стапки на персонален данок на доход има во Словенија, највисоката стапка во оваа земја изнесува 50 отсто. Во Босна и Херцеговина и во Македонија стапката изнесува 10 отсто и тие се меѓу последните земји во Европа што сè уште применуваат рамен данок, иста стапка за сите.
Прочитај повеќе
Светот во маратонска трка да придобие дигитални номади, Македонија допрва ќе стартува
Многу влади препознаваат дека номадите директно влијаат врз локалната економија – се проценува дека тие инјектираат стотици милиони долари годишно низ разни сектори (сместување, угостителство, локален транспорт, јавни простори за работа).
02.12.2025
Швајцарците на референдум гласаа против данокот на наследство за милионерите
Швајцарија гласаше против воведување на 50 отсто данок на наследство за супербогатите жители, откако богатите претприемачи се заканија дека ќе ја напуштат земјата.
30.11.2025
Буџет за 2026-та: Економски раст или само нови долгови?
Анализираме како Владата ќе собере шест, а ќе потроши 6,7 милијарди евра во 2026 година.
06.11.2025
Над 70.000 лица во Македонија пријавиле доход од издавање имот под закуп
Иако минатата година имало намалување на бројот на обврзници што пријавиле ваков доход во однос на претходната година, има зголемување на износот што УЈП го наплатила по основ на данок на доход од закуп.
05.09.2025
Џеко во даночен рај, Дончиќ во пекол: Колку пари земаат државите од спортистите
Кога професионалните спортисти од регионот потпишуваат договори вредни повеќе милиони долари во Италија, Шпанија или САД, тие се прашуваат не само за клаузулите и бонусите туку и каде ќе плаќаат даноци...
06.08.2025
„Ретки се примерите на држави, можам слободно да кажам дека се на ниво на исклучоци, кои успеале да се развијат и да создадат силен и отпорен систем со примена на рамен данок. Прогресивниот данок не е само идеолошки, тој е системски пристап за правична прераспределба на доходот во едно општество“, вели во изјава за „Блумберг Адрија“ Виктор Митевски, извршен директор на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) од Скопје.
Пресметуваме колку пари по основ на персонален данок на доход собира секоја од државите во регионот Адрија. Со оглед на тоа што во различни земји даночните ослободувања што ги дава државата се различни, пресметките ги правевме за самец што живее во главниот град и е постар од 30 години.
Македонија
Во Македонија веќе две децении се применува рамен данок. За сите приходи тој изнесува 10 отсто, освен за доходот остварен од игри на среќа, кои се даночат со 15 отсто.
За исплата на плати, Управата за јавни приходи одобрува даночно ослободување, кое годинава изнесува 123.240 денари (2.000 евра) или 10.270 денари (167 евра).
Пред неколку години обидот за прогресивно оданочување пропадна. Одредбите со кои данокот на доход се плаќа по прогресивна стапка од 10 отсто за остварениот приход до 1.080.000 денари годишно и од 18 отсто за остварениот приход над овој праг, за секој заработен доход од труд, засега се во мирување. Мирува и одредбата со која данокот на доход од капитал има стапка од 15 отсто.
„Да го задржавме прогресивниот данок, денес немаше да зборуваме само за повеќе приходи, туку ќе зборувавме и за зголемени даночни капацитети за пресметка и собирање ваков тип на даноци. Затоа, верувам дека воведувањето даночна прогресија и на страната на капиталот и на страната на доходот е еден од чекорите што можат да донесат постабилни јавни финансии и поправичен систем, кој првично ќе им служи на граѓаните, а не само на една мала група на моќници, кои секако ќе имаат влијание во општеството, дали преку политиката или преку економијата“, вели Митевски.
Словенија
Данокот на доход во Словенија се пресметува според пет даночни класи, кои се утврдуваат една година однапред. За оваа година, најниската даночна стапка од 16 отсто важи за годишна даночна основа до 9.210 евра (што значи дека приходите веќе се намалени за соодветното општо даночно олеснување). Над оваа сума се применуваат повисоки стапки, од 26, 33, 39, 50. Стапката од 50 отсто важи за годишни приходи што надминуваат 78.016 евра.
За капиталните добивки, каматите, дивидендите и приходот од изнајмување се оданочуваат со единствена стапка од 25 отсто.
Хрватска
Хрватска применува пониски и повисоки стапки на персонален данок на доход, кои се различни во зависност од местото на живеење. Пониските стапки се применуваат за приходи до 5.000 евра месечно или 60.000 евра на годишно ниво.
Генерално, стапките почнуваат од 20 и се движат до 30 отсто, но од лани единиците на локалните самоуправи можат сами да ги утврдуваат стапките, во рамките пропишани со Законот за данок на доход. Сепак, од вкупно 556 единици на локалната самоуправа, ваквата можност ја искористиле 82.
Босна и Херцеговина
Во Босна и Херцеговина се применуваат две стапки на персонален данок. Во Федерацијата БиХ стапката изнесува 10 отсто и се применува на бруто-заработувачката намалена за придонесите и даночното олеснување.
Во Република Српска стапката изнесува 8 отсто и исто така се применува на бруто-заработувачката намалена за придонесите и олеснувањето.
Во оваа земја другите приходи, како договори на дело, авторски хонорари и слични видови на договори, немаат третман на заработка и се даночат по други правила.
Србија
Оваа земја има еден од најмалку прогресивните системи за оданочување на платите кој се применува повеќе од 20 години. Годинава месечните приходи до 28.423 динари (околу 240 евра) не подлежат на персонален данок на доход. За износите над овој се применува стапка од 10 отсто.
Дополнително, ако физичкото лице оствари годишни приходи од над 4.874.508 динари (околу 41.500 евра), плаќа екстра данок на доход. Тој е двостепен. Се плаќа стапка од 10 отсто до 9.749.016 динари (околу 83.100 евра) и 15 проценти на износот над тој праг.