text size
Големиот број нови дестинации и пристојните цени на авионските билети до европските градови, кои во некои случаи се многу пониски отколку за локалниот меѓуградски превоз, се веројатно главните причини за рекордниот пораст на бројот на патници и воопшто на авиосообраќајот на аеродромите во Македонија и регионот Адрија во текот на минатата година. Речиси сите поголеми аеродроми лани имале зголемување на патничкиот сообраќај во однос на претходната година, а со најголем раст на бројот на патници се истакнуваат аеродромите во Сараево и во Охрид. Исклучок од регионалниот тренд е само аеродромот во Подгорица, кој е во црвено поради намалениот број летови на „Рајанер“.