Бројот на одобренијата за градење во април 2025 година е зголемен за 38,9 проценти во однос на истиот период од претходната година, а најмногу одобренија за градење се издадени за високоградба и тоа во Скопскиот регион. Поради тоа прашуваме дали не очекува нов градежен бум во Скопје и каде ќе се шири главниот град.
Анализираме како се движат цените на основните суровини на меѓународниот пазар, што се очекува и какви влијанија може да имаат новите трендови врз македонската економија.
Откриваме дека повеќето семејни бизниси во Македонија издржуваат само до трета генерација и ги наведуваме главните причини за ваквата состојба.
Со оглед на тоа што енергетската мрежа во неколку наврати испаѓаше во изминатиов период, прашуваме какви се очекувањата во пресрет на летото кога ќе се пуштаат масовно клима уреди и дали повторно ќе се гасат соларните капацитети, чие производство беше наведено како главна причина за оптоварувањето на мрежата.
Според прогнозите не очекува пеколно лето во Европа. Затоа, анализираме какви се потенцијалните опасности во земјава од пожари, по земјоделството и воопшто по здравјето на луѓето и колку сме подготвени за справување со несакани појави.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика инфлацијата во Македонија повторно забрзува. Истражуваме што ги турка нагоре трошоците на животот и што можеме да очекуваме за време на летните месеци.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...