Откриваме какви новини носи предлог-законот за иновациската дејност, со кој во иднина ќе се регулираат целите, принципите и организацијата во примената на резултатите од иновациската дејност и технолошкиот развој. Анализираме каква е дистрибуцијата на потрошувачката кај македонските семејства односно колку ни останува од семејниот буџет откако ќе ги подмириме трошоците за храна.
Презентираме што покажуваат најновите трендови кај дигиталните плаќања во Македонија односно колку трошиме во просек онлајн, во кои земји и на какви производи.
Анализираме колку пораснала вредноста на компаниите од МБИ10 во изминативе пет години и што значи тоа за акционерите. Откриваме какви се резултатите од работењето на македонските инвестициски фондови во 2025 година и во какви инструменти вложуваат, во кои земји и во какви валути.
Откриваме запленети имоти што македонските банки не можат да ги продадат со години и прашуваме како се книжат овие средства во нивните извештаи и дали опаѓа нивната вредност со текот на времето. Последните податоци покажуваат катастрофален природен прираст и во градовите и во селата. Анализираме какви мерки се потребни за подобрување на состојбата.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...