Како што најави, американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги објави новите царини. Земјава овој пат помина подобро во однос на април, a од регионот Србија и БиХ се најпогодени.
Во последен момент Кина постигна договор со САД, но Индија не, па за неа ќе се применува стапка од 25 отсто. И Европската Унија постигна договор, но тој е причина Европејците да бидат бесни на претседателката на ЕК. Главната причина за бесот е што договорот што го постигнаа Трамп и Урсула фон дер Лајен е неприменлив.
Прочитајте повеќе:
Половина од Македонците бараат повеќе денови за одмор - 20 не се доволни
Дрвената граѓа поскапува - ќе се одрази ли тоа во градежништвото кај нас?
Берзите во прв момент реагираа негативно, индексот S&P 500 за првпат од април изгуби еден отсто добивка, но индексот на седумте величествени порасна за 1,5 отсто, благодарение на добрите извештаи за првото полугодие од оваа година.
И македонските компании објавуваа финансиски извештаи неделава. Најголем раст на добивката, од дури 90 отсто, забележа „Реплек“, а „Алкалоид“ ги зголеми инвестициите. Повратот на солидарниот данок ја зголеми добивката на „Макстил“, глобалниот данок чепна во добивката на „Стопанска банка Скопје“. Добро одработи и прилепска „Витаминка“, но нестабилноста на цената на какаото останува предизвик за компанијата.
Фед, во согласност со очекувањата, ги задржа каматите непроменети, што беше причина за нови навреди од страна на Трамп кон Пауел. И НБРМ не ги намали каматите и овој пат, но паѓаат банкарските надоместоци и провизии.
Од банкарскиот сектор неделава стигна и веста дека апликацијата „Епл пеј“ е достапна во земјава за клиентите на НЛБ. Го анализиравме и енергетскиот сектор. Бројките покажуваат дека и покрај најавата за инвестициски бум, увозот на струја расте.
Прочитајте повеќе:
Дали Палестина е држава? Што ако повеќе земји се согласат дека е?
Трамп сѐ повеќе се изолира во поддршката на Израел - Канада најави признавање на Палестина
Еден од најзлоупотребуваните економски термини без сомнение е „одржливост“. ФИФА почна да размислува за фудбалот во контекст на одржливост пред петнаесетина години и го смисли Финансискиот ферплеј (ФФП). Тешко е да се поверува дека може да се постигне консензус дали ФФП направил добро за фудбалот или не, но еве што е сигурно.
Тестиравме автомобили: „ламборгини темерарио“, вреден 382.654 долари, автомобил што дава чувство на моќ, и БМВ М5, кој додека го возите мислите дека сите други стојат.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...