Анализираме зошто нафтените компании од ден на ден стануваат поинтересни за инвеститорите. Споредуваме кои банки имаат најниски, а кои највисоки фиксни каматни стапки.
Откриваме каква е трговската размена на Македонија со Кина и дали државата може да влијае врз увозот на евтини односно неквалитетни кинески производи.
Во период кога во светот дигитализацијата на голема врата велгува во земјоделството, анализираме до каде е Македонија во оваа насока.
Во изминатиов месец имаше поместувања во сопственичките структури во регионалните берзи и поради тоа прашуваме дали има забрзување на реализацијата на идејата за воспоставување една регионална берза.
Посочуваме колкави се загубите на питка вода во Македонија и што треба да се направи да се минимизираат негативните трендови.
Прашуваме до каде е процесот на воведување на е-фактури во Македонија и колкави даноци плаќаат македонските спортисти во странство.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...