Колку ги користи Македонија парите што се на располагање од фондовите на Европската Унија е тема којашто ќе ја анализираме следната недела.
Ги претставуваме најновите движења на вредноста на какаото и кафето на светските берзи и како тие влијаат врз цените на кондиторските производи и на малопродажбата на кафе во Македонија.
Алармираме на опасноста од измами на криптопазарот и откриваме што значи зголемувањето на зависноста на Европа од кинески батерии.
Прашуваме како целосната забрана за набавка на руска нафта би влијаела на Балканот и зошто во Македонија тешко оди котирањето на берза преку иницијални јавни понуди на акции.
Претставуваме какви се новите правила во сметководственото известување и даваме преглед на каматите на кредитите и на депозитите по одделни банки. Истовремено, анализираме какви промени има на пазарот на труд во Македонија.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...