Анализираме како се движат каматите на кредитите и дали се повлни условите за рефинансирање на веќе земените кредити од банките.
Откриваме што се крие зад успехот на романската берза која во изминативе пет години го надмина растот на најсилните берзански индекси како S&P500 и Nasdaq. Презентираме кои се замките на живеењето од дивиденда.
Прогнозираме како ќе се движат цените на природниот гас во зимските месеци и во текот на целата 2026 година.
Истражуваме колку е зголемен бројот на возила во Македонија во изминативе пет години и што значи тоа во однос на опасноста од зголемено загадување и намалување на квалитетот на живеење во урбаните средини.
Анализираме во кои деловни сектори има најголем недостиг од квалификувани работници.
Прашуваме колку инвестициски советници и агенти имаат дозвола за работа во Македонија и каква е структурата на нивните клиенти.