text size
Поради маглата вчера на Меѓународниот аеродром Скопје имаше намалена видливост што резултираше во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат еден лет. Согласно временската прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на денешниот ден.