„Махиндра и Махиндра“ (Mahindra & Mahindra), вториот по големина производител на автомобили на пазарот во Индија, планира да електрифицира повеќе од една четвртина од својата понуда до 2030 година за да се натпреварува со домашните и светските ривали што брзо ги развиваат своите линии за електрични возила (EВ).
„Нашата цел е електричните возила да сочинуваат 20-30 проценти од нашата понуда во следните три до пет години“, рече Аниш Шах, главен извршен директор на „Махиндра“, во интервју за телевизијата „Блумберг“ на состанокот на Светскиот економски форум во Давос. Во моментов електричните возила сочинуваат само пет проценти од понудата на компанијата.
Шах истакна дека Индија, како најнаселена земја во светот, работи на донесување политики што ќе привлечат глобални инвеститори во секторот на електрични возила, со цел до крајот на деценијата да се зголеми бројот на е-возила за осум пати.
Прочитај повеќе
Во ЕУ секое седмо ново возило е со нулта емисија, во Македонија фали нултата
Во 2023 година во ЕУ се регистрирани над 1,5 милион нови патнички возила со нулта емисија на штетни гасови, што е удел од 14,5 проценти во вкупниот број нови регистрации.
16.01.2025
БЈД води во глобалната трка за производство на поевтини електрични возила
Кинеската компанија ги преплави пазарите со своите автомобили.
16.01.2025
Новите давачки го менуваат балансот на силите во индустријата за електрични автомобили
БЈД расте и покрај предизвиците, додека МГ доживува голем пад.
24.12.2024
Скопје наскоро ќе добие сервис за споделување на електрични возила
Се работи за приватна инвестиција на „Авант кар“ од Словенија во систем за заедничко користење на возила.
23.12.2024
Каде е најскапо, а каде најевтино да се полни електрично возило во Европа
Како што електричните возила (ЕВ) стануваат сè почести низ Европа, трошоците за полнење стануваат важна тема за возачите.
14.12.2024
Според него, „Махиндра“ гледа дека потрошувачите сè повеќе ги прифаќаат нивните модели на EВ, бидејќи ги решиле главните прашања во изработката, а меѓу нив и тоа за „ренџ анксиети“ (на англиски: range anxiety) односно опсегот на возилото по едно полнење, но и нивната достапност.
„Махиндра“ се соочува со силна конкуренција од домашните и светските автомобилски гиганти што лансираат нови модели за да заземат дел од овој брзорастечки пазар. Меѓу конкурентите се локални компании како што се „Марути сузуки Индија“ и „Тата моторс“, како и азиски ривали како што се кинеските БЈД (BYD) и „САИК моторс“ (SAIC Motors).
Индија, која моментално е рангирана на третото место меѓу најголемите светски емитувачи на стакленички гасови, ја охрабрува употребата на електрични возила за да може да ја исполни целта и да стане јаглеродно неутрална до 2070 година.
Шах верува дека влезот на „Тесла“ може да ја зголеми конкуренцијата, но додава дека американскиот производител ќе цели на различен пазарен сегмент кога ќе одлучи да ги лансира своите модели во Индија.
На прашањето за враќањето на Доналд Трамп како претседател на САД, Шах изјави дека „Махиндра“ работи во САД повеќе од 25 години и не очекува негативно влијание.
„Би рекол дека тоа е позитивно“, додаде тој, коментирајќи го потенцијалното влијание на Трамп врз индискиот производител на автомобили.