text size
Руската нафтена компанија „Rosneft PJSC“ поднесе правна тужба против германската влада минатиот месец бидејќи сметаат дека властите се обидуваат да ја преземат контролата над нивниот имот во земјата. Владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц го оправда таквиот чекор со тврдењето дека тоа е неопходно да се стори за да се заштитат залихите на енергија и да се осигура иднината на рафинеријата „Schwedt“, во близина на полската граница, која што ги снабдува со гориво Берлин и поголемиот дел од источна Германија.