text size
Падот на производството во еврозоната се ублажува откако почна да спласнува грчот во синџирите на снабдување и почна да забавува инфлацијата. Ова сигнализира дека економскиот пад во овој блок ќе биде помал отколку што се стравуваше. Подобри резултати од очекуваните има и во Германија, најголемиот македонски трговски партнер.