Европа

Франција ќе избегне рецесија зимава, смета централната банка

Извор: William Horobin/Bloomberg

9 февруари 2023, 10:11

Можноста за рецесија е отфрлена поради раст посилен од очекуваниот и покрај низата надворешни шокови

Економската активност во сите сектори напредуваше во јануари повеќе од прогнозираното

Банката на Франција очекува растот во првите три месеци годинава да биде малку позитивен

Франција ќе избегне рецесија зимава, смета централната банка

Bloomberg Mercury

Банката на Франција ја отфрли можноста за рецесија оваа зима, бидејќи нејзиното месечно истражување покажа раст посилен од очекуваниот и покрај низата надворешни шокови.

Економската активност во сите сектори напредуваше во јануари повеќе отколку што предвидуваа деловните лидери, покажува анкетата спроведена меѓу 8.500 фирми. За февруари се прогнозира дека темпото ќе забави, со благ напредок во услугите, стабилност во индустријата и пад во градежништвото.

„Француската економија забавува, но се спротивставува. Минатата есен бевме загрижени за рецесија, но ова утро, за 2023 година, мислам дека може да ја исклучам рецесијата, освен ако не се случи некој голем глобален настан“, рече утрово гувернерот на Банката на Франција, Франсоа Вилерој де Галхау, за телевизијата Франс 2.

 

Економистите стануваат сè поголеми оптимисти во врска со краткорочните изгледи за втората по големина економија во еврозоната, откако таа забележа благ раст во последниот квартал од минатата година и намалување на цената на енергијата.

Националната агенција за статистика „Инсе“ (Insee) исто така ја отфрли можноста за рецесија, предвидувајќи во своите прогнози од вторникот дека економијата ќе порасне за 0,2 отсто и во првиот и во вториот квартал.

Банката на Франција рече дека обемот на нејзиното истражување сè уште не ѝ дозволува да прави прецизни прогнози, но дека растот во првите три месеци од годината треба да биде малку позитивен.

Централната банка соопшти и дека нивоата на несигурност измерени со нејзината анализа на коментарите на деловните лидери се намалиле во индустријата во јануари, а биле стабилни во услугите и градежништвото.

Француските компании се помалку загрижени за идното влијание на цените на енергијата врз активноста, а нивната процена за тешкотиите во снабдувањето падна на најниско ниво откако Банката на Франција почна да го мери влијанието на тесните грла во мај 2021 година.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

пред 13 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите