Индустриското производство во Франција и Шпанија беше посилно од очекуваното во јули годинава, истакнувајќи некои точки на издржливост во економијата на еврозоната додека Германија продолжува да се мачи.
Засилено од автомобилскиот и фармацевтскиот сектор и закрепнувањето на комуналните услуги и енергијата, француското производство се зголеми за 0,8 проценти на месечно ниво откако падна во јуни. Економистите анкетирани од „Блумберг“ очекуваа раст од само 0,1 проценти.
Во меѓувреме, Шпанија објави пораст од 0,2 проценти, пркосејќи им на очекувањата за пад.
Прочитај повеќе

БДП на еврозоната едвај порасна поради падот на извозот
Растот е толку мал што практично значи стагнација.
07.09.2023

Продажбата на мало во еврозоната во јули повторно падна
На годишно ниво, во јули продажбата на мало во еврозоната падна за 1 отсто, а во ЕУ за 1,2 отсто.
06.09.2023

Годишната инфлација во еврозоната на исто ниво како и во јули
На месечна основа, проценетиот раст на цените во еврозоната во август изнесуваше 0,6 отсто
31.08.2023

Изгледите за растот се влошуваат, инфлацијата е упорна
Домашните фактори сега се главните двигатели на инфлацијата во еврозоната
31.08.2023

Упорната инфлација во Германија е аларм за ЕЦБ
Потрошувачките цени во Германија, најголемата економија во регионот, се зголемија за 6,4 отсто во август
30.08.2023

Економската доверба во еврозоната дополнително се намали
Индикаторот објавен од Европската комисија падна на 93,3 од 94,5 во јули.
30.08.2023
Бројките ја вратија довербата на европските компании кои се справуваат со долготрајните предизвици од енергетската криза, слабата побарувачка во Кина и зголемените каматни стапки.
Германската економија го чувствува целиот товар од тие тешкотии и се очекува да се намали оваа година. Индустриското производство таму падна трет месец по ред во јули, главно поради намалувањето кај капиталните трошоци и кај стоките за широка потрошувачка.
Франција, втората по големина економија во еврозоната, се смета дека ќе избегне рецесија во 2023 година по силните перформанси во вториот квартал. Но, статистичката агенција „Инси“ (Insee) во четвртокот објави дека растот значително ќе забави во остатокот од годината.