text size
„Шкода енијак“ (Škoda Enyaq), „порше тајкан“ (Porsche Taycan), „фолксваген ИД7 про“ (VW ID.7 Pro), и „хјундаи кона електро“ (Hyundai Kona Elektro) беа прогласени за победници во своите класи по тестирањето што го спроведе германскиот автомобилски клуб АДАК (ADAC) на повеќе од педесетина електрични автомобили. Тестот на АДАК се базира на оценување на перформансите на возилата наспроти трошокот за набавка односно каква вредност добиваат купувачите за потрошените пари.