Владата на Шпанија ќе предложи Европската Унија (ЕУ) да примени ист систем на ограничување на цената на енергенсите, како што е нивниот, информираат локалните медиуми.
Претставничката за енергетика на шпанската влада, Тереза Рибера, на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ, што ќе се одржи на 9 септември, ќе го претстави предлогот, со кој што се предвидува да не се тргува на големо со природниот гас на пазарот на електрична енергија. Локалните медиуми не објавуваат повеќе детали за ова, само наведуваат дека Рибера ќе предложи ограничување на цената.
Шпанија и Португалија претходно добија одобрение од Брисел да бидат исклучок и ценовно да го одвојат природдниот гас од електричната енергија. Таквиот чекор придонесе цените на тие енергенси во големопродажбата во тие држави да се значајно пониски отколку во остатокот од Унијата.
Прочитај повеќе
Шел предупредува на повеќе европски зими со скапа енергија
Според директорот на Шел, Европа долго ќе има високи сметки за струја, па неопходно е штедење
30.08.2022
Маск: Потребно е повеќе нафта и гас додека се ита кон обновливи извори
Светот има потреба од повеќе нафта и гас за да се справи со кризата додека се притиска за транзиција кон зелена енергија
29.08.2022
Хабек: Реформа на пазарот на струја е лек за високите цени
Германскиот министер за економија бара цените на струјата веќе нема да се врзуваат за најскапиот добавувач
29.08.2022
Шпанија од месец јули работи на предлог измените за европскиот пазар на електрична енергија. Вчера претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека ЕУ се подготвува за таков чекор.