Германското индустриско производство во септември порасна помалку од очекуваното, што укажува на тоа дека најголемата економија во Европа полека излегува од повеќегодишниот пад.
Производството се зголеми за 1,3 отсто во однос на претходниот месец, соопшти денеска „Дестатис“. Тоа е значајно под средната процена од три отсто во анкетата на „Блумберг“.
Растот го предводи скокот од 12,3 проценти во автомобилското производство. Бројките укажуваат на можни надежи за стабилизација откако вчера податоците покажаа дека автомобилската индустрија го забележа првото зголемување на фабричките нарачки за пет месеци.
Прочитај повеќе
Довербата на германските компании скокна на највисоко ниво од 2022 година
Германската деловна доверба се подобри и сега, на почетокот на четвртиот квартал, е на највисоко ниво од 2022 година, зајакнувајќи ги надежите за најголемата европска економија.
27.10.2025
Европа на крстопат: Како царините од САД ги обликуваат економскиот раст и инфлацијата?
Економијата на Европа на работ: Царини од САД, инфлација и ризици за растот – што ќе се случи со Германија и со Франција?
27.10.2025
Мерц очекува САД да ја ослободат германската единица на „Роснефт“ од санкции
Канцеларот додаде дека всушност не е јасно дали на германскиот бизнис, „Роснефт Дојчланд“, „дури и му е потребно“ ослободување, бидејќи според санкциите „Роснефт“ мора да поседува најмалку 50 проценти од бизнисот.
24.10.2025
Лагард: Германија сега е агент за промени во Европа
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ја пофали Германија за конечното отворање на својот државен паричник.
19.10.2025
Оживувањето на производството е клучно за надминување на слабоста што доведе до намалување на производството во 2023 и 2024 година, при што оваа година се очекува само скромен раст (ако воопшто има). Проблемите на Германија произлегуваат од построгите американски царини и слабата глобална побарувачка, како и од подолготрајните проблеми како што е преобемната бирократија.
Од друга страна, во наредните квартали се очекува да се зголеми активноста благодарение на поголемите владини трошоци и пониските каматни стапки на Европската централна банка (ЕЦБ).
Неодамнешните индикатори за деловна доверба укажуваат на добар почеток на четвртиот квартал откако економијата стагнираше во претходниот, односно во периодот јули-септември, тесно избегнувајќи рецесија.
Владејачката коалиција на канцеларот Фридрих Мерц годинава очекува скромен раст од 0,2 проценти и подобрување во 2026 и 2027 година со прогнози за раст од 1,3 и 1,4 отсто, соодветно. Коментирајќи ги фабричките податоци вчера, тој ги опиша како „први претпазливи знаци на светла точка на хоризонтот“.
„Не се ништо повеќе од тоа, но тие се таму, присутни се“, рече Мерц во Берлин. „Тие се првите знаци дека се враќаме на патот на раст. Но знаеме дека тоа не е доволно и мора да направиме повеќе“.