text size
Владата подготвува предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување со кој се превидува воспоставување на три вида на портфолија во рамки на задолжителните пензиски фондови: растечко, балансирано и конзервативно портфолио. Станува збор за посебни делови на задолжителниот пензиски фонд односно таканаречени мултифондови кои се разликуваат согласно нивото на инвестиционен ризик и структурата на вложувања.