text size
Во првото тримесечје од годинава во Македонија имало 10.247 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на слободни работни места во овој период изнесува 2,07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.346, има во петтата група занимања: работници во услужни дејности и продажба.